Ново исмевање на ФФП правилата: Челси прикажа добивка откако сам на себе си го продаде женскиот тим

by bojan
1 минути читање
Челси

„Сините“ прикажаа профит од 128,4 милиони фунти за финансиската година која завршила на 30. јуни 2024, клубот од „Стемфорд Бриџ“ успеа да стигне до огромна позитивна откако сам на себе си го продаде женскиот тим.

Откако Тод Боли стана газда на Челси, „сините“ трошат како никој друг и во период од две години беа одвоени преку 1 милијарда фунти на засилувања.

Со цел клубот да биде во склоп со правилата за Финансиски фер плеј, Тод Боли и неговите соработници мораа да станат креативни и почнаа да нудат договори на 7, 8 па и 9 години со цел трансфер сумите, односно амортизацијата на фудбалерите да биде на што подолг рок.

Челси потоа сам на себе си продаде два хотели, а последното исмевање на правилата за ФФП е продажба на женскиот тим на компанија која исто така е во сопственост на Тод Бол.

Со помош на оваа „умешна зделка“, Челси забележа профит од 128,4 милиони фунти за финансиската година која завршила на 30. јуни 2024.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани