158
Во шестото коло Интер дојде до петтата победа во Серија А откако денеска со минимални 1-0 беше совладана Џенова.
Отпорот на Џенова беше скршен дури во 87. минута кога Д’Амброзио постигна гол за водство од 1-0. Пандев ги одигра последните 20 минути од мечот.
Натпреварот имаше нервозен крај, во судиското продолжение црвен картон добија двајца фудбалери на Џенова, Омеонга и Тарабт.
Во првиот денешен натпревар Милан со 2-0 загуби на гостувањето кај Сампдорија. Запата и Алварез беа стрелци за домаќините.
Интер со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Верона. Два гола беа дело на Имобиле, еден на Марушиќ.
Во дуелот на дното Кротоне со 2-0 го совлада Беневенто, со истиот резултат Киево славеше на гостувањето кај Каљари.