Тотенхем освои три нови бода од тешко гостување со кои се искачи на третото место на табелата во пресрет на другите натпревари од шестото коло.
Спарси имаа одлично прво полувреме, со два гола на Хари Кејн имаа водство од 2-0. Одлично го почнаа и вториот дел. Со погодок на Ериксен поведоа со 3-0.
Во 65. минута Чичарито постигна гол и најави враќање на Вест Хем во игра иако чеканите се уште беа далеку од реми.
Пет минути подоцна Тотенхем остана со фудбалер помалку откако Орие заработи втор жолт картон.
Во 87. минута Којате со глава намали на 3-2 и за супер интересен финиш на мечот, но до последниот свиреж на судијата имаше само тензија и ниту еден погодок.
По крајот на мечот имаше мала тепчка во која по двајца играчи од двата тима добија жолти картони.