272
Се верува дека
милионскиот боноус за прв стрелец во Франција е причината за кавгата помеѓу
Нејмар и Кавани, и расправијата на двајцата играчи кој да изведува пенали.
Но фудбалерите на
ПСЖ би можеле да извисат во трката доколку Радамел Фалкао продолжи со извонредната
форма.
„Ел Тигре“ вечерва постигна два гола на дуелот со Лил и стигна до бројката од
11 погодоци.
За статистиката
да биде уште поимпресивна, Колумбиецот со 12 шута во рамките на голот ги
постигна овие 11 гола.