Хрватската јавност, а и пошироко, беше во шок по написите
во украинските медиуми кои пренесоа вест дека легендата на Шахтјор, 35
годишниот Даријо Срна паднал на допинг тест.
Капитенот на укаринскиот клуб се огласи до јавноста,
подвлече дека не користел никакви недозволиви супстанци, тоа ќе го докаже и до
крај ќе се бори за да ја сочува својата чест и чесност, за време на тој период
тој истакна дека ќе се повлече од сите натпреварувања за целосно да се посвети
во оваа битка.
„Известен сум од страна на Националниот антидопинг центар
на Украина, како вон период на натпреварување во мене било пронајдена
недозволива супстанца. Како прво и најважно од се’, сакам да истакнам дека никогаш не сум
совесно или со намера земал нешто што е недозволено средство или пак незаконски
и нечесно сум се обидел на било кој начин да го зголемам мојот спортски учинок
или способност“ вели Даријо Срна.
„Во моментов истражувам кои се можните извори пронајдени
во сево ова, целосно и доброволно, со почит соработувам со Националниот
антидопинг центар на Украина, а со цел да се посветам целосно во однос на оваа
работа, донесов одлука да се повлечам од сите натпреварувања додека правниот
процес кој е во тек не заврши. Во целост ќе се фокусирам на ова за да ја
сочувам мојата чест и чесност“ додаде Срна кој вети дека ова во никој случај
нема да биде крај на неговата кариера.