Тимот од Лондон ја реши ситуацијата со Диего Коста,
Шпанецот се враќа во неговиот поранешен клуб Атлетико Мадрид за сума од 67
милиони фунти.
За заминувањето на Коста на пресконференција денес пред
медиумите неколку зборови кажа италијанскиот стратег од клупата на Челси,
Антонио Конте, кој имаше низа несогласувања со Шпанецот рамни на „војна“, а со
свое видување се јави и поранешниот капитен на тимот, Џон Тери.
„Со среќа во следниот клуб Коста, мој пријателу. Ти си
неверојатен фудбалер и еден од најдобрите и најшеговити пријатели кои сум ги
сретнал во фудбалот, ти даде се што можеше од себе за клубот, секогаш даваше
максимум од себе носејќи го дресот на Челси, ти беше вистински победник, ќе ми
недостасуваш пријателу, со среќа за тебе и твоето семејство“ напиша Тери на
социјалните мрежи.