81
Босанскиот напаѓач од редовите на италијанскиот вицепрвак
Рома, Един Џеко се чини дека бил клучен во реализацијата на преселбата на
Србинот Александар Коларов во Рим.
Коларов ова лето дојде во Рома и одлично се адаптираше во
тимот под водство на Ди Франческо, постигнувајќи еден погодок во четирите
настапи досега, притоа реализираше и три асистенции.
Сепак, Коларов добил и повеќе од добра препорака кај
спортскиот директор на Рома, Мончи.
„Одлично се сложувам со Коларов, впрочем, јас му кажав на
Мончи да го доведе во тимот“ изјави Џеко за италијанските медиуми, воедно тие
беа соиграчи во Манчестер Сити.