Скандал во Швајцарија, претседателот на Сион нападна телевизиски коментатор (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Сион славеше на гостувањето кај поранешниот клуб на
нашиот Езгјан Алиоски, Лугано, со 1-2 во осмото коло од швајцарската Суперлига,
но резултатот и воедно исходот од овој натпревар осамна во сенка.

По натпреварот во Лугано се случи голем скандал за кој
Швајцарската фудбалска федерација веќе отвори и дисциплинска постапка, и тоа
против претседателот на Сион, Кристиан Константин кој нападна телевизиски
коментатор, снимките јасно покажуваат како тој го удира Ролф Фрингер кој лежеше
на земја.

Како причина за таквиот негов потег, Константин наведе
дека Фрингер кој инаку е поранешен селектор на Швајцарија, имал лоши коментари
на негова сметка како и на сметка на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани