Елмас: Македонија денес покажа тактичка зрелост

by Стефан
1 минути читање

Македонија денеска испушти победа откако примивме гол во последните секунди, претходно Миовски во 91. минута донесе водство за македонската репрезентација.

Елиф Елмас смета дека Македонија денес покажала тактички зрелост.

„Навистина ни е жал, тактички одигравме на високо ниво и покажавме зрелост, но фудбалот е таков – некогаш даваш гол во 90. минута, ама некогаш примаш. Сепак, мораме да останеме фокусирани и да се подготвиме за клучните натпревари во јуни“, изјави Елмас.

Верува Елмас и дека во следните натпревари Македонија може до позитивни резулати.

„Напредуваме, веруваме во себе и секогаш одиме на победа. Така ќе биде и во јуни против Белгија и Казахстан“, додаде македонскиот играч за врска.

По две кола во квалификациите и Македонија и Велс имаат по четири бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани