538
Нападот се случил околу 20 часот, пред зградата на Цвитановиќ, тој се враќал од натпревар на Динамо Загреб, се паркирал со својот Мини Купер, и откако излегол од него бил нападнат од двајца непознати ликови.
Напаѓачите го пречекале со палки и во текот на тепањето не кажале ниту збор, туку само му се нафрлиле и почнале да го удираат.
Полицијата брзо била алармирана и дошла на самото место на настанот, а Цвитановиќ бил префрлен во болница каде му е дадена прва помош.
Истрагата е во тек, се уште не е познат мотивот поради кој е нападнат тренерот на Динамо Загреб.