„Росонерите“ без
многу проблеми забележаа нова победа, на Сан Сиро го совладаа СПАЛ благодарејќи
на два пенали.
Најпрво Родригез
погоди од белата точка во првиот дел, а потоа Кеси беше сигурен реализатор на
најстрогата казна во второто полувреме за 2-0.
Јувентус со
минимални 1-0 ја доби дерби пресметката со Фиорентина. Голот вреден три бода за
домаќините го постигна Марио Манџукиќ.
На стартот од
вториот дел, Хрватот одлично се снајде по една нафрлена топка и со глава ја
затресе мрежата на гостите.
Наполи со
фуриозни пет минути во вториот дел преку пресврт стигна до победа во Рим над
Лацио од 1-4, Рома со 0-4 славеше на гостувањето кај Беневенто, а до убедлив
Триумф од 5-1 стигна и Аталанта во дуелот со Кротоне.
Сасуоло со
минимални 0-1 стигна до победа кај Каљари, а Торино со 2-3 триумфираше во
Удине. Џенова и Киево ги поделија бодовите, а без победник заврши и средбата
помеѓу Верона и Сампдорија.