168
Бранителот на титулата во најсилниот германски фудбалски
шампионат, Бундеслигата, тимот на Баерн Минхен славеше убедливо на гостувањето
кај Шалке 04 во петтото коло од тамошното првенство.
Неколку моменти беа посебно издвоени од мечот во
Гелзенкирхен, а еден од нив секако е голот на Видал во 75. минута за точка на
натпреварот, а истиот дојде по една феноменална асистенција на Хамес Родригез,
за потоа да следи и уште подобар финиш.