Антонио Кандрева на 38-годишна возраст објави крај на богатата фудбалска кариера.
Кандрева последниот ангажман го имаше во редовите на Салернитана, но претходната сезона беше без ангажман.
„Драг фудбал, денес е еден од моите најважни денови во животот. Дојде време да кажам збогум, тука на „Сан Сиро“ го одиграв последниот натпревар. Приказната ја започнав пред 30 години и беше исполнета со уживање, но и болка, жртви и победи со многу емоции. Не гледам на ова како збогување, туку како почеток на нешто ново. Благодарен сум за се, се гледаме во иднина“, порача Кандрева.
Во кариерата одигра 502 натпревари во кои постигна 85 гола и запиша уште 100 аситенции, а беше дел од: Тернана, Удинезе, Лацио, Јувентус, Парма, Чезена, Интер и Сампдорија.