76
Првиот голман на германската репрезентација, воедно и на
шампионот на таа земја, 31 годишниот Мануел Ноер веќе го заврши првиот дел од новата
сезона, откако на него е направена операција поради скршеница на стопалото.
„Добивме ужасни вести, Ноер повторно доживеа тешка
операција, сепак, мораме да гледаме напред, му посакуваме брзо опоравување“
изјави претседателот на клубот, Карл-Хајнц Румениге.
Според најавите, клубот соопшти дека првиот голман на
тимот ќе се врати на терените дури на почетокот од идната година, а до тогаш
негова замена ќе биде 29
годишниот Свен Улрих.