Саки: Анчелоти е еден од најдобрите, но на Баерн му треба нов тренер

by
1 минути читање

Се погласно се зборува дека се ближи крајот на престојот на Анчелоти на клупата на Баерн Минхен. Баварците веќе не изгледаат моќно како некогаш, се појавува и се поголемо незадоволство кај фудбалерите.

„Ги гледам сите натпревари на Баерн и мислам дека тимот го има загубено ентузијазмот“ – вели легендарниот италијански тренер, Ариго Саки.

„Како станувате постар ја губите пасијата и желбата. Таков е животот. Анчелоти е одличен тренер и ги заслужува сите пофалби“.

„Кој друг тренер освоил три титули во Лигата на шампионите? Тој беше успешен насекаде во светот, но се чини дека за Баерн би била добра промена“.

„Секогаш може да го обвините тренерот кога работите не одат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×