Финалната понуда на Атлетико за Коста е доста интересна, ќе одолее ли Челси?

by
1 минути читање

И натаму е актуелна ситуацијата со напаѓачот Диего Коста
и Челси, англискиот премиерлигаш доби финална понуда за својот фудбалер вредна
55 милиони евра и додатно 10 милиони евра на бонуси, пренесуваат медиумите од
Шпанија.

Ако се оствари договор помеѓу Челси и Атлетико, во тој
случај Коста ќе стане најскапото засилување за тимот од Мадрид во неговата
клупска историја.

Марка пишува дека „Челси има мал избор во целата ситуација
за тоа дали да ја прифати финалната понуда на Атлетико Мадрид“.

Она
што е интересно, е фактот што Коста нема одиграно натпревар цели 98 денови во
сите конкуренции, а сосема очекувано е таа бројка да биде надминета над 200.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×