Нов скандал во
францускиот фудбал, но за разлика од Матју Валбуена, кој беше уценуван со секс
снимка, Лајвин Курзава требал да искешира 200.000 евра за да си ги задржи
шансите за настап во дресот на „Триколорите“.
Како што
пренесуваат медиумите, левиот бек на ПСЖ бил снимен во бар како упатува критики
и навредливи зборови на адреса на Дидје Дешам, а правел и непристојни
гестикулации за селекторот на Франција.
Па за да не биде
објавено ова видео, на Лајвин Курзава му биле побарани пари, според АФП сумата
била 200.000 евра, а според Еуроп 1 таа изнесувала 100.000 евра.
Фудбалерот целиот
случај веднаш го пријавил во полиција, била отворена истрага и три лица биле
уапсени во близина на домот на играчот, каде што тие го чекале да ги остави
парите.
Подоцна биле
уапсени уште две лица за кого постоело сомнеж дека биле дел од групата која го
уценувала Лајвин Курзава.