Никако да стивнат реакциите од Мадрид по градското дерби во осминафиналето од Лигата на шампионите во кое славеа „кралевите“ по извдувањето на пенали.
Европската фудбалска федерација (УЕФА) претходно застана за страна на судијата Марчињак тврдејќи дека бил во право со тоа што го поништил пеналот на Алварез.
Од Атлетико иако како што велат се свесни дека во овој момент не може ништо да се промени одговорија на УЕФА.
„Знаеме дека грешката на ВАР никогаш нема да го промени конечниот резултат. Без оглед на тоа за колку јасна грешка се работи. Но, длабоко жалиме поради овој „инцидент“ и неговото влијаение. Ова растажи милиони навивачи и ги закопа напорите на екипата.
И покрај објаснувањето на УЕФА фрустрирани сме бидејќи сметаме дека:
– Топката не се помести јасно пред ударот во ниту еден од достапните агли
– ВАР би требало да интервенира само во случаи на јасни и очигледни грешки, а оваа одлука е донесена за само 45 секунди, според изјавите на клупските челници.
Атлетико не е клуб кој бара изговори. Одиме напред гледајќи на нашиот следен предизивк – неделниот натпревар со Барселона“, објави Атлетико.