Јувентус славеше со 1-3
на гостувањето кај Сасуоло во рамките на четвртото коло од италијанската Серија
А овој викенд, а италијанскиот шампион е на делба на првото место на табелата
со Наполи и Интер со по 12 бодови засега.
Хет-трик во победата на
Јувентус викендов постигна Аргентинецот Пауло Дибала, кој со последниот учинок
само дополнително ја „набилда“ статистиката за себе, која воедно носи одлични
резултати за тимот од Торино.
Дибала е предводник на
тимот кој ја брани на титулата во Италија, а тоа го потврдува и неговата
неверојатна статистика, во шампионатот на Италија постигнува гол на секои 37
минути игра.
Во историјата на Серија
А, само Антонио Валентин Ангелилјо постигнал повеќе гола од него во првите четири
кола, 11 погодоци во сезоната 1958/59. Зад Дибала останаа Батистута, Манфредини
и Бориело кои во првите четири кола имаа по шест погодоци.
Инаку Дибала го остави
зад себе и својот сонародник и соиграч Игуаин, кој во периодот кога настапуваше
за Наполи, во неговата најдобра сезона постигна 36 погодоци, а во првите четири
кола имаше постигнато исто толку и погодоци, четири.
Со осум гола засега,
Дибала е на првото место на листата на стрелците во Калчолигата, зад него се
Имобиле (Лацио) со шест, односно Икарди (Интер) и Мертенс (Наполи) со по пет
гола.