Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се пожали од терминот кој е одреден за натпреварот против Виљареал и тоа што „кралевите“ немале доволно време да се опорават по пресметката со Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони.
Реал Мадрид во средата одигра исцрпувачки реванш долг 120 минути против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, но „кралевите“ немаат многу време за одмор, утре ги чека ново тешко гостување кај Виљареал во Ла Лига.
„Се уште се во фаза на опоравување, и ова мораме да го имаме во предвид кога ќе истрчаме против силен противник каков што е Виљареал“ – вели тренерот Карло Анчелоти.
„Ќе треба да одиграме интелигентно. Навистина не разбирам зошто играме во сабота, и се надевам дека еден ден ќе биде променет распоредот“.
„ТВ правата и парите диктираат како ќе играме и никој воопшто не се грижи за здравјето на играчите и како тие треба да одморат“.
Реал Марид веројатно и во следните месеци ќе има слични проблеми, а Карло Анчелоти додава: „И покрај сите потешкотии, се уште се во трите најважни натпреварувања, нешто што ми се нема слушено во последните три години“.
„Во мојата прва сезона, испаднавме во Купот уште во јануари, во втората година не бевме во конкуренција за титулата во Ла Лига, додека пак во третата повторно испаднавме во Купот уште во јануари. Оваа година се уште се бориме за сите титули“.
„Оваа сезона е прилично стресна, распоредот е пеколен. Од јануари па до сега играме по два натпревари секоја недела. Нема време да се опоравиме соодветно“.