Конте го впери прстот во Оливер, Венгер му даде поддршка на судијата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Бразилецот беше ислучен кон финишот на дербито на Лондон откако црврсто стартуваше врз Сеад Колашинац.

Антонио Конте не се сложува со оваа одлука, вели дека Давид Луиз бил под фаул, и судијата требал да ја прекине играта неколку секунди претходно за прекршок на Алексис Санчез врз неговиот играч.

„Добро знаете дека не сакам да ги коментирам судиските одлуки, можам само да кажам дека е многу важно да се види што се случи пред стартот на Давид Луиз“ – вели Италијанецот.

„Она што го направи Санечз е фаул, тоа е сигурно. Но судијата донесе одлука. Доколку ја прекинеше играта претходно…“

За разлика од него, Арсен Венгер му даде поддршка на Мајкл Оливер.

„Употреби прекумерна сила. Дури и самиот Давид Луиз ќе признае дека имаше големо растојание помеѓу него и топката и влезе премногу цврсто. Мислам дека судијата донесе правилна одлука. Беше употребена прекумерна сила“ – рече Французинот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани