78
Тој вели дека динамиката на фудбалот во Англија и приодот кон секој натпревар е многу поразличен отколку во Шпанија и Италија.
„Вистина е дека англискиот фудбал е поразличен од тој во Италија и Шпанија. Тука немате многу време да здивнете или да се релаксирате, топката цело време е ‘запалена’!”, вели Мората.
„Треба да сте во добра кондиција за да играте тука и во секој натпревар да влезете психолошки добро подготвени“.
„Клубовите кои можеби не се најдобри во лигата се бранат исто како и во Италија, знаат да бидат многу компактни и понекогаш е тешко да ги скршите. Но кога сакаат да играат со топка, можете да најдете простор и да ги нападнете“.