77
Според
информациите кои ги пренесе „Газета дело Спорт“ денеска, се вели дека големото
дерби во Милано во рамките на Серија А, помеѓу Интер и Милан кое е предвидено
да се одигра идниот месец е речиси распродадено во однос на влезниците.
Од тоа што
го пренесува италијанскиот медиум се вели дека останале помалку од 2000
влезници за претстојната средба, останатите се продадени, а дел им припаѓаат на
фановите со сезонски влезници.
Големото
дерби во Милано е предвидено да се одигра на 15 октомври во вечерниот термин од
20 часот и 45 минути. Инаку, како домаќин во оваа пресметка помеѓу
големите ривали ќе биде тимот на Интер.