Мурињо бесен на Погба, Французинот ги игнорирал советите и си терал по свое

by
1 минути читање

Најскапиот
трансфер во историјата на „Црвените Ѓаволи“ ќе биде надвор од стројот помеѓу
четири и шест недели поради повреда на задната ложа.

Но проблемот не
завршува тука, медиумите од „Островото“ пишуваат дека Жозе Мурињо е бесен на
Французинот. Причина е тоа што фудбалерот ги игнорирал советите на лекарскиот
тим и си терал по свое.

Пол Погба во март
оваа година имаше слична повреда, и паузираше само три недели. Тогаш лекарскиот
тим на Манчестер јунајтед му дал специфични инструкции за како да спречи обнова
на повредата.

Но играчот ги
игнорирал овои насоки и добивал третман од приватен тренер. Клупските лекари
верувале дека ова само ги зголемува шансите Пол Погба одново да се повреди.

Нивните
стравувања сега се покажаа како точни, тој против Базел во вторникот на
теренот издржа едвај 20 минути, поради повреда на задната ложа мораше предвреме
да го напушти теренот, и сега му се предвидува двојно поголема пауза од онаа во
март.

Па Жозе Мурињо е
бесен на однесувањето на Пол Погба, и тоа што играчот во континуитет ги
игнорирал советите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани