Мечот помеѓу Арсенал и Келн е одложен за еден час, еве што се случуваше во и околу арената… (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Мечот помеѓу
Арсенал и Келн во рамките на првото коло од групата „Х“ е одложен за еден час,
ќе стартува околу 22 часот.

За мечот во
Лондон пристигнаа дури 20.000 германски навивачи на Келн, но од нив само 2.900
ќе се најдат на трибините на „Емирејтс“, од причина што бундеслигашот доби само
толку влезници за своите фанови за оваа средба.

Причините за
едночасовното пролонгирање на мечот во Лондон се сосема јасни, тоа е во „интерес
на гледачите на трибините“, како што пишуваат медиумите на Островот, а од
видеата кои пристигнуваат од арената во Лондон, можеме да видиме и појасна
слика за причините за таквата одлука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани