Во два термина,
најнапред во 19 часот а подоцна и во 21,05 часот денеска се предвидени да се
одиграат натпреварите од воведното, прво коло од групите во Лига Европа, каде
настап ќе има и македонскиот првак Вардар кој на домашен терен го пречекува
руски Зенит.
Сепак, од оние
натпревари кои стартуваат претходно, ќе го издвоиме гостувањето на Милан кај
Австрија Виена, во рамките на групата „Д“, каде во истиот период ќе играат
Ријека и АЕК.
„Подновениот“
Милан оваа сезона е доста амбициозен, тоа го потврди со многуте засилувања кои
пристигнаа во редовите на тимот од Милано, сепак, амбициозноста ќе треба да ја
потврди и на терените, а за тоа ќе се погрижи и на дуелот во Виена.
Стратегот од
клупата на италијанскиот калчолигаш, Винченцо Монтела се определи во следниот
состав на истрча на мечот против австрискиот ривал: Донарума, Калиниќ, Силва, Чалханоглу, Ромањоли,
Запата, Бонучи, Абате, Билја, Антонели и Кеси.
Милан во последниот меч од Серија А претрпе висок пораз на гостувањето кај Лацио каде играше во офанзивна формациска поставеност од 4-3-3, овој пат Монтела се реши да игра во доста интересна
формациска поставеност од 3-5-2, а предводниците на нападот на Росонерите, Силва и Калиниќ ќе очекуваат асистенции од дури петмина во средниот ред.
Средби кои
стартуваат во терминот од 19 часот:
Вилјареал –
Астана
Спарта Прага –
Макаби Тел Авив
Динамо Киев –
Скендербег
Јанг Бојс –
Партизан
Австрија Виена –
Милан
Ријека – АЕК
Аталанта –
Евертон
Аполон – Олимпик Лион
Хофенхајм – Брага
Истанбул
Башакшехир – Лудогорец
Злин – Шериф
Копенхаген –
Локомотив Москва
Извор/Фото:
uefa.com