182
Пол Погба имаше чест да ја носи капитенската лента на враќањето на Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите, но тој нема по убаво да го памети овој натпревар.
Французинот се пожали на болки и беше заменет во 19. минута. Медиумите од „Островото“ пишуваат дека се работи за повреда на задната ложа.
Деталните тестови во следните денови ќе треба да покажат за што точно се работи и колку време Пол Погба ќе биде надвор од стројот.