ЛШ, полувреме: Меси за водство на Барселона против Јувентус, триото на ПСЖ „решета“ во Шкотска (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вечерва
стартуваше новата сезона од елитното европско клупско натпреварување, на
програмата се вкупно осум средби, а дербито на вечерта е дуелот на „Камп Ноу“
каде Барселона на домашен терен го пречекува Јувентус.

Барселона со
погодокот на Лионел Меси во самиот финиш од првиот дел дојде до предност од 1-0
над италијанскиот шампион.

Од останатите
средби, го бележиме високото водство на ПСЖ на гостински терен кај Селтик во
Шкотска со 0-3, она што е интересно, по еден погодок постигнаа сите тројца
напаѓачи на францускиот тим. Нејмар најнапред погоди за 0-1 во 19. минута,
водството на гостите го дуплираше Мбапе во 34. минута, додека пак конечните 0-3
од првото полувреме ги постави Кавани од пенал на пет минути пред истекот на
регуларните 45 минути игра.

 

Резултати по првите
45 минути игра…

 

Група „А“

Манчестер
јунајтед – Базел
1:0 (Фелаини
35’)

Бенфика – ЦСКА
Москва
0:0

 

Група „Б“

Баерн Минхен –
Андерлехт
1:0 (Левандовски 12’)

Селтик – ПСЖ
0:3 (Нејмар 19’, Мбапе 34’, Кавани 40’)

 

Група „Ц“

Челси – Карабах 2:0
(Педро 5’, Запакоста 30’)

Рома – Атлетико Мадрид
0:0

 

Група „Д“

Барселона –
Јувентус
1:0 (Меси 45’)

Олимпијакос –
Спортинг Лисабон
0:3 (Думбиа
2
’, Мартинс 13’, Фернандес 43’)

Можно е и ова да ти се допаѓа

×