„Баварците“
поминуваат низ тешки моменти откако неколку играчи јавно се пожалија за
ситуацијата во клубот.
По поразот од Хофенхајм, Роберт Левандовски
ја критикуваше трансфер политиката и побара Баерн да го одврзе ќесето и да донесе играчи од светска класа, а Томас
Милер изрази незадоволство од малата минутажа и индицираше дека сака да замине
од Минхен.
Според Билд,
проблемот лежи во Карло Анчелоти, стратегот со низа потези ја „изгубил“
соблекувалната.
Весникот пишува
дека Италијанецот пред да пристигне на Алианц Арена важел за голем
комуникатор, но тоа се помалку го прави во Минхен. Стратегот наводно разговарал
само со играчите кои му биле омилени, додека со останатиот дел од составот
многу малку.
Исто така,
интензитетот на тренинзите под водство на Карло Анчелоти бил прилично низок. Тоа е
сосема спротивно од режимот на Пеп Гвардиола, кој постојано барал повеќе од
своите ѕвезди.