Милан изминатово
лето потроши над 200 милиони евра на 10 нови имиња, и веројатно трансфер
бомбата беше ангажманот на Леонардо Бонучи од Јувентус.
Кога за прв пат
се појавија гласините за ваков трансфер, на фановите не им се веруваше, а
истото важело и за Марко Фасоне.
Првиот човек на
Милан мислел дека ова е невозможна мисија, но сега се фали дека за половина час
го договорил трансферот.
„Сакавме да
изградиме одреден тип на тим, и Лео на почетокот од летото не беше дел од нашите планови” – вели генералниот извршен директор
на „росонерите“.
„Сепак, во првите денови од
јули, Монтела и Мирабели ми го понудија Бонучи, ми објаснија дека тоа е играч
кој значително ќе го засили составот”.
„Па тргннавме по
него, иако се чинеше дека е невозможно да го купиме. Но на првата средба со
Бепе Марата (генералниот директор на Јувентус) си подадовме рака за половина
час!”
„Лео е лидер, но
му треба време да се адаптира на новата средина”.