Барса во август
остана без Нејмар, па тргнаа во потрага на негова замена. Со клубот од Камп Ноу
се поврзуваа голем број на имиња, а на крајот пристигна Осман Дембеле за 105
милиони евра, плус уште додатни 42 милиони евра во бонуси.
Медиумите од Шпанија
сега пренесуваат неверојатна приказна, „Каталонците“ биле подготвени да одвојат
150 милиони евра за ангажман на Марко Асенсио, младата ѕвезда на нивниот лут
ривал Реал Мадрид.
Кадена Копе
открива дека преставници на Барса стапиле во контакт со агентите на играчот и
ги известиле дека се спремни на маса да стават 150 милиони евра доколку Марко
Асенсио го направи првиот чекор и каже „Да, сакам на Камп Ноу“.
Самиот играч, кој
беше гостин во емисијата на Кадена Копе, сугерираше дека постоела ваква понуда.
„Знам дека имаше
клубови кои пројавија интерес но…” – рече Марко Асенсио.
Кога беше
притиснат уште еднаш да одговори за понудата на Барса, тој додаде: „Да, имаше
интерес но мојата идеја беше да останам тука, среќен сум во Реал Мадрид.”
„За овие работи
се грижеше Орасио (неговиот агент)”.
Во емисијата исто
така беше обелоденето дека уште еден клуб, покрај Барса, бил спремен да плати
150 милиони евра. Се верува дека ова е ПСЖ, но Марко Асенсио не е заинтересиран
за преселба во Париз.
„Не сакам да се
преселам во ПСЖ, среќен сум во Реал Мадрид и не би сакал да заминам”.