Ентони Марсијал важеше за страшен талент на Монако, на нивна адреса тогаш пристигна понуда од Манчестер јунајтед од 80 милиони евра плус бонуси која францускиот клуб без двоумење ја прифати.
Но, Монако тогаш не ни можел да реагира поинаку, на клубот му биле потребни пари да го запази финансискиот ферплеј и тоа е најголемата причина поради која Марсијал си заминал.
„Во 2015 година моравме да продаваме за да ги запазиме правилата на финансискиот ферплеј, па беше повеќе од задолжително да го продадеме Марсијал“ – изјави Василиев.
Но, сега клубот е финансиски стабилен, особено по минатата сезона и овој летен преоден рок во кој заминаа уште неколку ѕвезди.
„Во моментов сме финансиски стабилни. Продаваме кога сметаме дека е вистинско време за тоа. Некои фудбалери не ги продаваме иако ризикуваме нивната цена да се намали во следниот преоден рок“.
„Мојот сон отсекогаш бил да развиеме модел и во економска и во спортска смисла, ова пред неколку години го кажав за Форбс, сега гледам дека е возможно“.