123
Фудбалерот на Марсеј е херојот на денот. Патрис Евра прошета низ улиците на градот и подели храна на бездомници.
Ваквите акции на славните личности треба да ја подигнат свеста на луѓето дека вишокот храна кој често им останува можат да го споделат со оние кои немаат и за момент да ги направат среќни.
„Уживам во мојот понеделник во Марсеј. Тажната страна на мојата прошетка е дека најдов повеќе од 12 бездомници за помалку од 30 минути. Што направи ти денес? Дали помогна некому? Или само се жалеше и обвинуваше некој друг? Се чувствувам благословено, благодарам Боже! Среќен понеделник“, напиша Евра на својот инстаграм профил.