По последниот свиреж на Бет365 Стадионот, Жозе Мурињо се ракуваше со тренерскиот персонал на Стоук, но реши да го игнорира Марк Хјуз.
Португалецот потоа одби да говори на оваа тема и порача дека глупави работи се за глупави луѓе.
Медиумите од „Острвото“ сега говорат за причината поради која Жозе Мурињо одбил да се поздрави со својот колега од Стоук.
Наводно Марк Хјуз за време на натпреварот му рекол на Жозе Мурињо „е*и се“.
Менаџерот на Стоук исто така го повикал судијата Нил Сварбрик и побарал Жозе Мурињо да биде испратен на трибини зошто влегол во неговиот простор крај аут-линијата.
Овој инцидент се случил во завршницата од средбата а извор близок до „Црвените Ѓаволи“ за Дејли Мејл вели: „Жозе сакаше да ја реорганизира одбраната по еден прекршок и Хјус го турна и му порача „е*и се“. Исто така побара од судијата да го испрати Жозе на трибини. Па Жозе не сакаше да се поздрави бидејќи беше навреден“.