Eкипата на Челси сезонава најмногу проблеми има во одбраната која заедно со онаа на Манчестер сити е најлоша од екипите кои се во врвот на Премиер лигата и кои се борат за местата што обезбедуваа место во Лигата на шампионите.
На Островот најавуваат дека едно од решенијата би можел да биде Марк Гуехи кој вво 2021 години ги напушти „сините“ и премина во Кристал Палас.
Гуехи е фудбалер кој ја помина младинската школа на Челси, а Кристал Палас го купи за 23 милиони евра. Од тој трансфер неговата форма тргна во нагорна линија и во 2022 година дебитираше за репрезентацијата на Англија.
Минатото лето Њукасл се обидуваше да го доведе, но поради високата оштета трансферот пропадна. Интерес за него имаше и во јануари, Тотенхем се обидуваше, но сепак остана во Кристал Палас.
Клубот од „Селхуст Парк“ за неговите услуги бара 85 милиони евра и наводно во Челси се подготвени да ја платат за го вратат во своите редови. Тренерот Енцо Мареска инсистира на доведување на Гуехи бидејќи во него гледа вистински лидер во одбраната.