136
Три од три за
Барса на стартот од новата сезона во Примера, вечерва на Камп Ноу со 5-0 беше
совладан Еспањол.
Лео Меси беше
играч на натпреварот во локалното дерби, Аргентинецот запиша хет-трик.
Резултатот беше
отворен во 26. минута, откако судијата не забележа офсајд, Лео Меси одличното
додавања на Ракитиќ го претвори во водство од 1-0.
Десет минути
подоцна, Аргентинецот на асистанција на Алба го матираше голманот на Еспањол за
2-0.
Слична беше
ситуацијата и во 67. минута, кога Алба го проигра Меси за хет-трик на напаѓачот
и 3-0.
Во завршните
мигови одбраната на гостите капитулираше уште два пати. Пике скокна највиско по
еден корнер за 4-0, а Суарез во 90. минута ги постави конечните 5-0.