73
Шампионот на
Италија прокнижи нови три бода откако вечерва пред своите фанови со 3-0 ја доби
пресметката против Киево.
Избраниците на
Алегри се мачеа во првиот дел, и на пауза заминаа со предност од 1-0
благодарејќи на автоголот на Хетемај.
Сепак, кога во
вториот дел во игра влезе Пауло Дибала, Аргентинецот веднаш ги раздвижи
работите и Јувентус заигра далеку подобро.
Напаѓачот најпрво одлично проигра со Миралем Пјаниќ, кој му асистираше на
Гонзало Игуаин за 2-0.
А потоа самиот
Пауло Дибала со прецизен удар по земја ги реши сите дилеми околу победникот и
ги постави конечните 3-0.