Мбапе: Повеќе би сакал да играм против Атлетико, отколку против Баер Леверкузен!

by 24 фудбал
1 минути читање

Француската ѕвезда Килиан Мбапе со хет-трик беше најдобар во победата на Реал Мадрид над Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Бранителот на титулата се пласира во осминафиналето, а таму има само два потенцијални ривали – Атлетико Мадрид или Баер Леверкузен. Мбапе посочи дека повеќе би сакал да игра со градскиот ривал и тоа од проста причина.

Искрено, повеќе би сакал да играм против Атлетико во осминафиналето. Тие и Баер се квалитетни тимови, ќе биде тешко во секој случај. Во следната рунда би било подобро за нас ако не треба да патуваме. Имаме премногу патувања сезонава“, кратко прокоментира Мбапе.

Реал не заврши меѓу осумте најдобри и мораше да игра една дополнителна рунда во елитното натпреварување. Сепак, покажа карактер и со вкупни 6-3 го исфрли англискиот шампион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×