112
Реал Мадрид
одигра само реми против Леванте на домашен терен (1-1) а први во водство на „Сантијаго
Бернабеу“ дојдоа гостите.
Во самиот финиш
од средбата директен црвен картон доби Марсело кој во една ситуација неколку
пати го „погоди“ со предниот дел на копачките, противничкиот фудбалер Лерма кој
остана да лежи на теренот.
Веднаш потоа Бразилецот глумеше дека е повреден, но
тоа беше кратко, откако стана се изнасмеа на одлуката на Алехандро Хернандез
кој не се двоумеше да му додели црвен картон.