Манчестер Сити го разби Ливерпул, исклучувањето на Мане остави бледа сенка на дербито (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Манчестер Сити славеше
убедливо над Ливерпул во големото дерби од четвртото коло од англиската
Премиерлига, избраниците на Пеп Гвардиола пет пати погодија во мрежата од
противничкиот гол, а се чини дека исклучувањето на Мане разви голема дискусија
на Островот  од која подоцна ќе ги
сумираме реакциите.

Агуеро во 24. минута
ги доведе домаќините во почетно водство од 1-0, Аргентинецот доби употреблива
топка, го „легна“ Мињоле со еден фантастичен лажњак и го отвори резултатот во
корист на својот тим.

Во 37. минута исклучување
заработи Садио Мане при еден прекршок над Едерон, Сенегалецот воопшто не беше
внимателен а главниот арбитар на мечот Џонатан Мос не се двоумеше да му го
покаже патот кон соблекувалната, сепак оваа одлука на Мос според неколкумина на
Островот е дискутабилна.

Во продолжението
домаќините во целост ја искористија бројчаната предност на теренот, па со двата
гола на Жезус најнапред во самиот финиш на првиот дел, а потоа и во 53. минута дојдоа
до водство од 3-0, со што поставија недостижна предност.

Нововлезениот Сане, со
два гола во серија, најнапред во 77. а потоа и во 90. Минута ги постави
конечните 5-0 од овој натпревар.

 

Фото-вест:
premierleague.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани