Вистината за моментот кога Анчелоти фрли кутија кон главата на Ибрахимовиќ во соблекувалната на ПСЖ

by
1 минути читање

Стратегот од
клупата на Свонси, Пол Клемент го прокоментираше добро познатиот настан за кој
на големо се пишуваше низ сите светски медиуми, односно ситуацијата кога екс
тренерот на ПСЖ, Карло Анчелоти фрли кутија кон Златан Ибрахимовиќ, поточно кон
главата на Швеѓанецот.

Клемент, кој работеше
заедно со Италијанецот во Челси, Реал Мадрид и Баерн Минхен, беше асистент на
Анчелоти во тој период.

Тоа беше како
спора снимка, заврши во главата на Ибрахимовиќ, Златан само го фрли потоа…

открива Клемент.

Треба да бидете
подготвени во моментите кога се соочувате со вакви ситуации, поточно кога
одредени луѓе ќе ја преминат границата…
“ додаде тој.

Сево ова се случи
во ноември 2015. година, кога ПСЖ забележа елиминација од Евиен во
четвртфиналната рунда од Купот на Франција, Ибрахимовиќ промаши од белата точка
во пенал серијата откако во регуларниот дел резултатот гласеше 1-1,

Бевме премногу
вознемирени, сите во клубот, поразот од Евиан во Купот беше за мене катастрофа,
бев толку револтиран што дури и фрлив кутија кон главата на Ибрахимовиќ
“ изјави
тогаш Анчелоти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани