Многумина веруваа
дека овој гест на Деле Али бил упатен кон главниот арбитар не мечот кој се
одигра на Вембли, најмногу поради ситуацијата по која дојде сево ова.
Инцидентот се случи во 77. Минута по дуелот со Мартин Шкртел, каде Англичанецот
бараше прекршок, откако Клеман Торнер одмавна со раката, веднаш потоа Али
некому му покажа црвен картон.
Репрезентативецот
на Гордиот Албион, подоцна објасни дека непристојниот гест бил наменет за
неговиот добар пријател Кајл Вокер, а притоа се извини доколку некого навредил.
Светската
фудбалска федерација (ФИФА) покрена дисциплинска постапка против фудбалерот на
Тотенхем, според информациите кои ги пренесуваат медиумите на Островот, се вели
дека овој случај би требало да биде решен пред крајот на овој месец.
Вреди да се
напомене дека Вокер и Али беа до неодамна соиграчи во тимот од Лондон, откако
Вокер ова лето премина во редовите на Манчестер Сити, дури и стратегот од
клупата на Тотенхем, Маурисио Почетино гестот на Али го опиша како шега.