Од 2018 преодниот рок во Премиерлигата ќе завршува пред стартот на сезоната

by
0 минути читање

Промените се прават со цел тренерите да ги имаат сите играчи на кои ќе сметаат за сезоната.

Од следното лето преодниот рок во Англија ќе завршува во 18 часот во последниот четврток пред да почне Премиерлигата.

По тој датум клубовите ќе можат само да продаваат додека трае регуларниот преоден рок во Европа (31 август), но не и да купуваат нови фудбалери.

Во другите земји засега нема најави за промена на датумите за преодниот рок, па така да во останатите делови од Европа фудбалери ќе можат да се купуваат и продаваат до 31. август.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани