Поради „подарен“ пенал, следи преигрување на меч од мундијалските квалификации, доживотна суспензија за судијата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Селекцијата на
Јужна Африка славеше со 2-1 над Сенегал во второто коло од квалификациската
група „Д“ за пласман на Мундијалот во Русија кој се игра идната година, а
претходно наведениот меч се одигра во ноември ланската година.

Во 42. минута домаќините
добија „подарок“ од главниот арбитар на мечот, Ганецот Џозеф Лампти, а Јужна
Африка тоа го искористи и постигна водечки гол кој на крајот и влијаеше на
конечниот исход, 2-1 во корист на домашниот табор.

На снимката јасно
се гледа дека Лампти досуди пенал поради непостоечко играње со рака на
гостинскиот дефанзивец Калид Кулибали. Светската фудбалска федерација (ФИФА)
одлучи овој натпревар да се повтори, а Лампти доби доживотна суспензија.

Натпреварот е предвиден
да се преигра во ноември оваа година, но точниот датум засега не е одреден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани