Јасно е дека никогаш немало многу љубов помеѓу Жозе Мурињо и Арсен Венгер. Португалецот обично почнува прв со зајадливи изјави, а Французинот враќа.
Овој пат Мурињо зборуваше за тоа што според него значи тренер на краток рок и на крајот иако со имиња не ги посочи Венгер и Арсенал сите знаат на кој мисли.
„Доколку луѓето велат дека сум тренер на краток рок поради тоа што одам од клуб во клуб, имаат право, но јас не мислам дека сум тренер на краток рок“ – вели Мурињо.
„Јас ги подготвувам клубовите за успех. Мислам дека го подготвувам клубот до степен кога јас ќе заминам, следниот тренер да превземе врвен тим. И тоа не е проект на краток рок и покрај тоа што јас ќе заминам“.
„Доколку вие сте во клуб една или две години или во било која друга работа, доколку на заминување ја оставите структурата уште поуспешна отколку што сте ја начекале, тоа не е работа накраток рок, напротив“.
„Вие можете да сте во еден клуб 10 или 20 години, но кога ќе заминете од клубот, тој да е подготвен за неуспех“.
Како одминува времето се поголем е притисокот врз Арсен Венгер кој според навивачите го движи клубот во надолна линија. Минатата сезона за прв пат не избори учество во Лигата на шампионите, а има лош старт и на новата сезона.