354
Арсенал одби понуда од 60 милиони фунти од Манчестер Сити за Алексис Санчез и реши да го задржи фудбалерот.
Доколку Арсенал го продадеше Санчез за 60 милиони фунти и со тие пари купеше негова замена, клубот ќе беше на нула. Сега ќе треба да платат толку за да донесат негова замена следното лето, а нема да земат ниту евро.
„Со задржувањето на Санчез во последната година од неговиот договор жртвувавме приход од 60-70 милиони фунти, а на крајот од сезоната ќе треба да ја платиме таа сума за да донесеме некој како негова замена. Тоа е голема цена“ – вели Венгер.
Нов договор се уште нема потпишано ниту Месут Озил, па по крајот на оваа сезона и тој може да го напушти Арсенал како слободен играч.