Претседателот на
шпанскиот фудбалски шампионат, Хавиер Тебас во изјава за тамошните медиуми вели
дека огромните средства потрошени на фудбалери и трансфери на истите и штетат на
фудбалската индустрија а воедно го уништува ферплејот во однос на европските натпреварувања.
Тобас ја повика
УЕФА детално да го истражи работењето на Манчестер Сити и Париз Сент Жермен од
финансиски аспект.
„ПСЖ и Манчестер
Сити создаваат мошне непријатна атмосфера во фудбалска Европа, работат
спротивно на правилата и сево ова и штети на фудбалската индустрија, многу е
важно како ќе реагира УЕФА на целата оваа ситуација по последните неколку
трансфери што ги направија овие две екипи…“ изјави Тебас за агенцијата „АП“.
УЕФА веќе покрена
постапка против ПСЖ, посебно поради фактот што францускиот вицепрвак
реализираше сензационален трансфер вреден неверојатни 222 милиони евра ова лето
(Нејмар) како и Мбапе, а на ред да дојде за почнување на истраги чека и
Манчестер Сити, клубот за кого исто така има сомневање дека ги прекршил
правилата.