Иниеста во зимскиот преоден рок би можел да се пресели во Торино

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги пренесува „Тутоспорт“, се вели дека Јувентус ќе се обиде во
своите редови да го доведе фудбалерот од средниот ред на Барселона, Андрес Иниеста,
чиј договор со каталонскиот гигант истекува идното лето.

Иниеста уште во
зимскиот преоден рок би можел да го облече дресот на Јувентус, а тој и
претходно неколку пати истакна дека размислува за промена на средината.

Покрај Иниеста,
на листата на желби за Јувентус истовремено се наоѓа и Емре Чан од Ливерпул,
како и Леон Горецка од Шалке, чиј договори исто така истекуваат по крајот на
оваа сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани