Според
информациите кои пристигнуваат од Србија, тамошните медиуми на големо
пренесуваат дека од Фудбалскиот Сојуз на Црна Гора се заинтересирани да и го „украдат“ големиот талент на Србија, 22 годишниот фудбалер на Лацио,
Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Наводно
контактите помеѓу обете страни се веќе воспоставени, а истите ги води неговиот
менаџер и некогашен репрезентативец на Србија, Матеја Кежман.
Фактот што Црна
Гора е пред голем успех, јуриша
кон пласман на Мундијалот во Русија идната година, а има големи шанси за тоа,
се чини дека е дополнителна мотивација за Милинковиќ-Савиќ
кој досега настапуваше за
младите селекции на Србија.
Милинковиќ-Савиќ
не доби прилика за докажување во сениорскиот тим на Србија, а тој е еден од
најбараните фудбалери во италијанскиот фудбалски шампионат, Јувентус за него
ова лето понуди фантастични 70 милиони евра, а Лацио истата понуда ја одби.
Милинковиќ-Савиќ
се уште нема одиграно официјален натпревар за сениорскиот тим на Србија, а ова
се чини е одлична можност за Црна Гора да реагира во вистински момент.