Македонските надежи добија тешка група во квалификациите за ЕП 2027

by riste
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ги доби противниците за квалификациите за Европското првенство 2027 година.

Надежите немаа среќа, ќе играат во група со Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија.

Квалификациите почнуваат на 17 март и ќе траат до 6 октомври 2026 година, а баражот е на програмата на 9 и 17 ноември идната година.

Директен пласман на Европското првенство обезбедуваат деветте победници по групи, плус најдобрата второпласирана репрезентација. Останатите осум второпласирани ќе играат плејоф и победниците од тие пресметки ќе учествуваат на младинскиот континентален шампионат.

Досега Македонија само еднаш учествувала на европските младински првенства, во 2017 година, а во новиот циклус ќе влезе и со нов селектор – Горан Станиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани